Дома Фудбал Меси после поразот од Бразил на Копа Америка со емотивен говор ги расплакал соиграчите

Меси после поразот од Бразил на Копа Америка со емотивен говор ги расплакал соиграчите

Лео Меси после поразот од Бразил имал говор со кој ги расплакал соиграчите, откри Анхел Ди Марија.

Бразил ја победи Аргентина со 2:0 за место во финалето на континенталното првенство, а головите ги постигнаа Габриел Хесус и Фирмино. Меси натпреварот го заврши исполнет со фрустрации, повторно, повторно испушти шанса за трофеј со репрезентација, повторно потфрли…Но усепал да се собере и како вистински капитен да одржи инспиративен говор со кој ги расплакал своите соиграчи.

„Се заблагодари на сите, посебно на младите играчи и им кажа дека се во репрезентацијата затоа што заслужиле. Кога заврши сите заплакаа. Не допре тој негов говор. Секогаш му приговараа дека не се истакнува и не зборува со новинарите. Оваа Копа Америка беше поинакво. Неговиот настап беше клучен за младите играчи во репрезентацијата. Ми се допадна таков Меси“, изјави Ди Марија.

Аргентина трофеј на Копа Америка чека од 1993 година, а Меси можеби последната прилика ќе ја има идното лето кога ќе се игра нова Копа Америка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тажна вест од Србија: Почина тренерот Радмило Јовановиќ

Радмило Јовановиќ почина во 76. година од животот. Раднички 1923 се прости од својот поран…