Дома Фудбал Меси и Халанд имаа исто бодови. Еве зошто Лео е прогласен за најдобар на светот

Меси и Халанд имаа исто бодови. Еве зошто Лео е прогласен за најдобар на светот

ЛИОНЕЛ МЕСИ (36) е прогласен за најдобар фудбалер во 2023 година по избор на ФИФА.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Аргентинецот имаше 48 поени, исто колку и норвешкиот голгетер на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд (23).

Но, Меси го доби признанието затоа што поголем број капитени на репрезентациите му дадоа максимални пет бода, а така гласи членот 12 од правилникот за избор.

Напаѓачот на ПСЖ, Французинот Килијан Мбапе (25) собра 35 бода и го освои третото место.

Иако беа финалисти, ниту еден од тројцата фантастични фудбалери не се појавија на церемонијата наречена „The Best FIFA Football Awards“ која се одржа во Лондон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тинејџерот кој вреди 100 милиони евра веќе го избрал новиот клуб!

Познатиот африкански фудбалер Јан Диоманде, кој имаше одлична дебитантска сезона во Бундес…