Иднината на Лео Меси повторно е главна тема бидејќи неговиот договор со ПСЖ истекува на крајот на сезоната.
Меси ја одби понудата на ПСЖ за продолжување на соработката бидејќи „светците“ му нудат 30% помала плата од актуелната.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Пред Аргентинецот се неколку понуди, а тој донел важна одлука и решил сигурно да остане во Европа.
Меси нема да тргне по стапките на Роналдо и да се пресели на Блискиот Исток или во САД, туку сигурно ќе продолжи да игра врвен фудбал во Европа.
„Постојано има гласини дека тој ќе замине во Интер Мајами, Саудиска Арабија или ќе се врати во Аргентина и ќе игра за Њуелс Олд Бојс. Сепак, ништо од тоа нема да се случи. Меси останува во Европа”, тврди „Мундо Депортиво“.
„Мундо Депортиво“ истакнува дека не е исклучено Меси, доколку замине од ПСЖ, да оди во Премиерлигата или дури и во Серија А.