Дома Фудбал Останато Меси ги даде дресовите од Мундијалот на аукција

Меси ги даде дресовите од Мундијалот на аукција

Шест дресови кои Лионел Меси ги носеше за време на Светското првенство во Катар ќе се продаваат на аукција во декември.

Аукциската куќа „Сотби“ соопшти дека очекува над 10 милиони долари за оваа колекција на Аргентинецот, која ќе се продава до 14 декември.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


На аукција ќе се најдат оние дресови што ги носеше Меси на натпреварите со Саудиска Арабија, Мексико, Австралија, Холандија, Хрватска, и во финалето со Франција,

Најверојатно таа ќе стане највредната колекција на спортски сувенири продадена во историјата и ќе го надмине рекордот на Мајкл Џордан, чиј дрес од финалето во 1998 година беше продаден за 10,1 милион долари.

Дел од средствата ќе бидат донирани и за болница во која се лекуваат деца со ретки болести во Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Противниците на Португалија може да ја тужат ФИФА поради лесната казна на Кристијано Роналдо

ФИФА ризикува да биде тужена од незадоволни на одлуката Кристијано Роналдо да биде казнет …