Фудбалерот од средниот ред на англиската фудбалска репрезентација и Реал Мадрид Џуд Белингам (20) е прогласен за најдобар играч на шпанската Ла Лига за изминатата сезона.
Белингем пристигна во Кралскиот клуб во јуни минатата година од Борусија Дортмунд за 103 милиони евра, со што стана еден од клучните играчи на Реал Мадрид веќе во првата сезона.
Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Младиот Англичанец сезонава постигна 23 гола и 12 асистенции на 41 настап, со што го предводеше Реал до 36-та титула на шпанскиот шампион.
Покрај тоа оваа сабота Белингем и неговите соиграчи ќе ја бркаат 15-та титула за Реал Мадрид во Лигата на шампионите. на
“Би сакал да ја посветам оваа награда на моите соиграчи, стручниот штаб и што е најважно, навивачите на најдобриот клуб во светот. Задоволство ми е секој пат кога играм за овој тим. Хала Мадрид”, изјави Белингем по добивањето на наградата.