Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп беше казнет со 8.000 фунти поради претераното славје после голот на Дивок Ориги во неделата против Евертон.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Ако се знае колку се платени тренерите на Островот јасно е дека ова е симболична казна и дека нема премногу да го загрижи Клоп.
„Не сакав тоа да го направам, но емоциите ме понесоа. Ќе ја платам казната, признавам дека погрешив. Но, сето тоа е дел од фудбалот, мислам дека никој не смета дека направив некој голем грев. Дури ни судијата не забележа дека сум на теренот. Во ред, ќе ја платам казната, се извинувам и одиме понатаму“, изјави денес Клоп.
Свој коментар на казната на Клоп даде и Пол Мерсон, поранешниот играч кој сега работи како стручен коментатор на „Скај“.
„Доколку Мурињо направеше такво нешто ќе беше казнет со 25 натпревари“, изјави Мерсон.