Изминатите денови се појавија шпекулации дека Кристиано Роналдо може да го напушти Манчестер Јунајтед после само шест месеци.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Сепак, неговиот менаџер Жорге Мендеш ги демантираше сите шпекулации.
„Кристиано е многу среќен во Манчестер Јунајтед. Му оди доста добро и игра одлично како и во текот на целата своја кариера. Ова ќе биде одлична сезона за него и јас сум многу сигурен во тоа. Заминување? Нема ништо од тоа“, изјави Мендеш.
Јунајтед синоќа славеше над Барнли со 3-1, а Роналдо беше еден од најдобрите на теренот.