Дома Фудбал Менаџерот потврди: Понудата на Милан за Тајсон е одбиена

Менаџерот потврди: Понудата на Милан за Тајсон е одбиена

Украински Шахтјор летоска одби понуда на Милан за својот крилен фудбалер Тајсон. Информациите сега ги потврди и менаџерот на Тајсон и порача дека од тогаш повеќе немале контакти со Росонерите.

Преговорите помеѓу Милан и Шахтјор траеа долго, но конечен договор не беше постигнат.

„Вистина е, Милан беше сериозно заинтересиран.“ – изјави менаџерот на Тајсон, Диего Дорналес во разговор за Калчомеркато.

„Шахтјор не ја прифати понудата која ја испрати Милан. Тие бараа плаќање на целата откупна клазула која е 30 милиони евра. Не можам да кажам колку точно била понудата на Милан, но не беше доволна.“

„Тајсон е среќен во Шахтјор, тој е капитен на екипата и игра одлична сезона.“ – додаде Дорналес.

Менаџерот дополнително беше запрашан дали Милан повторно би се обидел да го донесе Тајсон во јануари.

„Од тогаш немаме контакти. Се зависи од Шахтјор и она што тие го сакаат.“

Инаку, договорот на играчот со Шахтјор важи до летото 2021. година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вардар пропушти три можности, Силекс остана без гол поради офсајд

Силекс и Вардар заминаа на пауза без голови во Кратово, иако двете екипи имаа ситуации за …