Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Мексиканците трагичари, Аргентина и Полска во осминафинале🎥

Мексиканците трагичари, Аргентина и Полска во осминафинале🎥


Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓



Вистинска драма до последите моменти гледавме во Групата Ц, каде Аргентина заврши како првоплисирана,а на второто место заврши Полска иако беше поразена со 2:0.

Аргентина беше пред императив победа, па од стартот почна фуриозно кон голот на Полска, но не успеа да постигне гол во првото полувреме.

Во 40-та минута судијата после ВАР проверка досуди дискутабилен пенал за Аргентина, но Меси не успеа да го совлада одличниот Шчешни од белата точка.

На самиот старт на второто полувреме Мекалистер ја доведе Аргентина во водство, но „гаучосите“ не застанаа тука и продолжија да напаѓаат.

Во 68-та минута Енцо Фернандез одлично го проигра Алварез, а напаѓачот на Сити постигна одличен гол за 2:0, што на крајот се покажа како конечен резултат.

Мексико против Саудиска Арабија се бореше за што повисока победа за да избори пласман во осминафиналето.

Во 47-та минута Мартин го отвори резултатот, а пет минути подоцна Мексиканците поведоа со 2:0 и тоа со еден од најубавите голови на Мундијалот.

Чавез испрати проектил од дваесетина метри и постигна фантастичен гол, кој сигурно ќе конкурира за најубав гол на Светското првенство.

Мексико се обидуваше да дојде до трет гол, кој ќе го одведе до нокаут фазата, но не успеа да реализира ниту една од креираните шанси, а во судиското продолжение Саудиска Арабија намали на 1:2.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Официјално: 37-годишник е нов селектор на Белгија!

Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓ Фудбалскиот сојуз на…