Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Мексико остана без селектор

Мексико остана без селектор

Селекторот на мексиканската фудбалска репрезентација Херардо Мартино вечерва во Доха изјави дека ја прифаќа одговорноста за неуспехот и елиминацијата од Мундијалот по групната фаза и дека ја напушта селекторската позиција.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Јас сум одговорен за фрустрацијата и разочарувањето што ги доживеавме. Ја прифаќам одговорноста за овој неуспех. Договорот ми истече при последниот судиски свиреж и тоа е тоа“, изјави Мартино.

Мексико во последното трето коло од групата Ц ја победи Саудиска Арабија со 2:1, но и покрај победата како третопласирана во групата го заврши учеството на Мундијалот.

Полска освои четири бода, колку што има и второпласираната Полска, но Полјаците обезбедија пласман поради гол-разликата.

„Вечерашниот беше клучен за елиминацијата. Доминиравме, создававме шанси. Можевме да постигнеме уште неколку голови, но не успеавме“, изјави Мартино

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Нукасл договори замена за Ентони Гордон

Нукасл договори трансфер на левото крило на Хофенхајм, Базумана Туре, јавуваат Фабрицио Ро…