Дома Фудбал Италија Медиумите тврдат: Газдата на Милан банкротирал?

Медиумите тврдат: Газдата на Милан банкротирал?

0

Италијанскиот весник „Кориере дело Спорт“ повикувајќи се на кинески медиуми пренесува дека сопственикот на Милан, Јанхонг Ли банкнотирал.

Медиумот тврди дека уште додека преговарал со купување на клубот веќе се водел процес за негова ликвидација на имотот во Кина, но наводно тоа тој вешто го прикривал.

Наводно Кинеската регулаторна комисија сега целосно го замрзнала неговиот имот и започнала ликвидација на неговата форма, што во превод значи банкрот.

Сепак, се поставува прашањето како Ли успеа да го купи Милан за 750 милиони евра, плус да потроши 250 милиони евра за нови фудбалери, што е вкупно 1 милијарда евра. Берлускони потврди дека при преговорите добил банкарски гаранции и дека нема никакви проблеми при префрлањето на парите.


Следете го Sportski.mk и на


Вистина е дека дел од целата сума е финансирана од инвестицискиот фонд „Елиот“, која треба да биде вратена до крајот на годината. Меѓутоа станува збор за 300 милиони евра, што е само една третина од целата зделка.

Неколку пати до сега медиумите во Италија измислуваа невистини за новиот газда на Милан, кој неодамна се закани со приватни тужби.

Дали оваа информација за банкротот е вистина или не, ќе покаже времето…

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

ВИДЕО: Леброн одличен против поранешниот тим, Вориорси победија, Кари имаше своја вечер

Во изминатата ноќ во НБА лигата беа одиграни 11 натпревари кои донесоа многу возбудувања. …