Македонската фудбалска А репрезентација одигра нерешено 1:1 против Англија во квалификациите за Европското првенство 2024 година.
На новиот терен на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје имаше голем број на ѕвезди од англиската репрезентација кои настапуваат во Премиер лигата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Еден од нив беше 30-годишниот одбранбен фудбалер на Манчестер јунајтед, Хари Мегваер.
Искусниот дефанзивец на Англија по мечот изјави дека неговата репрезентација доминираше на мечот, според него главниот судија од Словачка Филип Глова имал неколку лоши одлуки, а воедно ја пофали и македонската селекција.
„Натпревар во кој доминиравме, со повеќе контрола на топката, имаше и неколку лоши судиски одлуки. Создадовме голем број на шанси, не успевме да реализираме повеќе голови. Секако дека можеме да одиграме подобро. Македонија има цврст тим, борбен тим, тие се борат за својата земја, знаевме дека ќе биде тешко и ова е голема вечер за нив“, ијзјави Мегваер.