Дома Топ вести Мбапе следното лето доаѓа без пари, Перез го купува и Халанд

Мбапе следното лето доаѓа без пари, Перез го купува и Халанд

Реал Мадрид до последниот ден од преодниот рок се обидуваше да го донесе Килијан Мбапе, но не можеше да постигне договор со ПСЖ.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Мбапе е цврст во намерата да се пресели во Реал Мадрид и ги одбива сите понуди на ПСЖ за продоложување на соработката, па следното лето ќе биде слободен агент.

„Мбапе еден ден ќе заигра за Реал Мадрид. Порано или подоцна. Двајцата одлично се сложуваме на теренот и би сакал да играме заедно во Мадрид“, изјави Бензема.

Шпанските медиуми пренесуваат дека Мбапе веќе има договор со „кралевите“ и следното лето ќе пристигне на „Сабтиаго Бернабеу“ како слободен агент без обештетување.

Тоа ќе му овозможи на претседателот Флорентино Перез да донесе уште една голема ѕвезда, а прва желба е Ерлинг Халанд.

Реал веќе почна да работи на трансферот на Норвежанецот и е спремен да ги задоволи финансиските барања на фудбалерот и неговиот агент Мино Раиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…