Француската тинејџерска сензација, Килијан Мбапе денес успешно ги помина медицинските прегледи, па се очекува во секој момент и официјално да стане играч на Пари Сент Жермен.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Според француските медиуми лекарските прегледи биле извршени во Клерфонтен, каде Мбапе се наоѓа со француската репрезентација.
ПСЖ и Монако вчера постигнаа договор за трансфер на 18-годишниот напаѓач кој ќе „тежи“ 180 милиони евра. За да ги избегне санкциите од УЕФА за финансиски фер-плеј „светците“ ќе го донесат Мбапе на едногодишна позајмица, а сумата ќе биде исплатена следното лето.
Според француските медиуми официјализацијата на трансферот се очекува уште денес.