Вејн Руни е мајстор за атрактивни голови. Тоа го потврди откако три пати ја освојуваше наградата за гол на сезоната во Премиер лигата, а неговите ножички против Манчестер Сити беа избрани за најубав гол во Премиер лигата во последните 20 години.
Но, Руни кој во кариерата постигна 355 голови од кои 253 за Манчестер Јунајтед не постигнал гол каков што постигна за Ди-Си Јунајтед против Орландо.
Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Во 10-тата минута од натпреварот во МЛС лигата откако соиграчите го расчистија нафрлувањето после корнерот, топката стигна до Руни кој беше на десетина метри од центарот на теренот. Меѓутоа големата одалеченост не го спречи да шутира кога забележа дека голманот на Орландо е излезен понапред, шутираше и постигна гол од околу 60 метри.
Треба да се спомене и дека тоа беше единствен гол на натпреварот.