Дома Фудбал Мајсторијата на Пјаниќ вовед за новиот триумф на „Старата дама“, Пнадев стартер за Џенова (ВИДЕО)

Мајсторијата на Пјаниќ вовед за новиот триумф на „Старата дама“, Пнадев стартер за Џенова (ВИДЕО)

Во рамки на 17. коло во Серија А, актуелниот шампион, Јувентус славеше лесно против Болоња со 0:3.

Првиот погодок беше маестрално дело проследнено од Пјаниќ во 27. минута. Двојно водство пред полувреме за „Старата дама“ донесе Манџукиќ во 36. минута, а конечниот резултат го постави Матуиди во 64. минута.

Кротоне на домашен терен славеше минимално над Киево со 1:0, а стрелец на единствениот погодок беше Будимир во 33. минута.

На мечот помеѓу Фиорентина и Џенова, на кој нашиот интернационалец, Горан Пандев играше од првата минута не беше запишан ниту еден погодок.

Во последниот меч во терминот од 15:00 часот, Сасуоло во финишот на мечот против Сампдорија запиша нови три бода, благодарение на погодокот на Матри во 90. минута.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Елмас влезе при 0-3: Аталанта со пет порази во десет кола

Елиф Елмас доби шанса дури откако Парма веќе ја обезбеди убедливата предност во Бергамо. А…