Дома Фудбал Англија Матиќ заминува од Олд Трафорд, позната и следната дестинација

Матиќ заминува од Олд Трафорд, позната и следната дестинација

Фудбалерот на српската репрезентација Немања Матиќ дефинитивно нема да остане во Манчестер Јунајтед.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Веста вчера ја објавија англиските медиуми, според кои Матиќ го одбил предлогот за потпишување на нов договор и ќе го напушти Олд Трафорд како слободен играч на крајот на сезоната.

Следната станица на Матиќ најверојатно ќе биде Италија, но не Милан, кој се поврзуваше со 31-годишниот играч во последните неколку недели.

Наводно, Росонерите се откажале од него поради високота плата која Матиќ моментално ја има во Јунајтед, па во трката останаа само Интер и Јувентус, кои оваа сезона се во борба за титулата во Серија А.

Во првиот дел од сезоната Матиќ не успеа да се избори за место во Јунајтед, но во меѓувреме ги искористи повредите на соиграчите и повторно се врати во стартната постава. На крајот, како што стојат работите, ќе замине од Англија и после три години ќе ја промени средината.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

(ВИДЕО) Голем гест на Роналдо: Помага на момче од Венецуела кое изгуби сè во земјотресот

Страшниот земјотрес што ја погоди Венецуела кон крајот на јуни и понатаму буди силни емоци…