Дома Фудбал Англија Матичниот клуб на стандардниот првотимец на Ливерпул објави фотографија од неговото детство (ФОТО)

Матичниот клуб на стандардниот првотимец на Ливерпул објави фотографија од неговото детство (ФОТО)

Ливерпул во вторникот направи голем пресврт и после поразот од 3:0 во првиот натпревар во реваншот ја совлада Барселона со 4:0 и така избраниците на Клоп се пласираа во финалето.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Црвените“ на 1-ви јули на „Ванда Метрополитано“ ќе играат против Тотенхем кој вчера исто така направи голем подвиг.

Тоа ќе биде прво англиско финале после она во 2008 година кога во Москва играа Манчестер Јунајтед и Челзи, тогаш славеа „ѓаволите“ после изведувањето на пенали.

Незаменлив првотимец во тимот на Јирген Клоп е Ендри Робертсон кој против Барселона одигра одличен натпревар.

Одличниот Шкот во Ливерпул беше доведен во 2017 година од редовите на Хал во трансфер вреден девет милиони евра. Вреди да се истакне дека на негово доведување инсистираше Јирген Клоп.

Робертсон од самиот почеток се наметна во стартниот тим на Ливерпул. Кариерата тој ја започна во Квинс Парк Ренџерс кој денес се потсети на својот поранешен играч.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Клоп го откри својот фаворит за освојување на СП

Поранешниот тренер на Борусија Дортмунд и Ливерпул, Јирген Клоп со огромен ентузијазам го …