Дома Фудбал Англија Матеус за Санчо: Сега има повеќе пари, но направи грешка

Матеус за Санчо: Сега има повеќе пари, но направи грешка

Германската легенда, Лотар Матеус тврди дека Џејдон Санчо ова лето направил грешка кога ја напушти Борусија Дортмунд.

Санчо се пресели во Манчестер Јунајтед во голем трансфер, но негивата кариера на „Олд Трафорд“ не почна на најдобар можен начин и не добива голема минутажа.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Притоа, Санчо поради слабата форма го загуби и местото во репрезентацијата.

„Не знам како Санчо тренира во Манчестер јунајтед, тој треба да работи доста напорно за да направи чекор кон стартниот тим, а засега е далеку од тоа. Кога ќе погледнам колку минути добива оваа сезона, или за какви натпревари се работи кога тој настапува, тогаш сметам дека е грешка, тој можеби сега има повеќе пари, но помалку натпревари“, изјави Матеус.

Санчо во Борусија Дортмунд помина четири години, каде ја доживеа фудбалската афирмација, а во Јунајтед се уште нема гол ниту асистенција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Алегри не се откажува од идејата да го донесе Влаховиќ во Милан

Милан воспостави нов контакт со Душан Влаховиќ, бидејќи Макс Алегри сака повторно да работ…