Дома Македонски спорт МАТЕМАТИКА: Што значи победа, а што пораз во клучниот натпревар против Исланд?

МАТЕМАТИКА: Што значи победа, а што пораз во клучниот натпревар против Исланд?

Македонија денес го игра клучниот натпревар на Светското првенство.

Од 18:00 часот против Исланд е натпреварот да се биде или не за нашите ракометари. Математиката е јасна – ако сакаме во топ 12 ни треба победа!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Доколку одиграме реми или Исланд победи тие одат понатаму. Во таква ситуација сме поради високите порази од Шпанија и Хрватска, па Исланд има подобра гол-разлика.

Оваа разлика може да штети и во следната фаза (ако се пласираме), но барем сега имаме свежина за Исланд.

Победата против Исланѓаните ќе значи влез во топ 12 и три нови натпревари против Франција, Германија и многу веројатно Бразил.

Поразот или ремито кое не го посакуваме ќе значи дека ќе бидеме четврти и ќе играме против четвртопласираната селекција од Берлин, тоа би требало да биде Русија. Доколку велеземе во оваа непосакувана ситуација ќе се пласираме од 13-тата до 16-тата позиција. За да бидеме 13-ти ќе ни биде потребна и втора победа.

Во тој натпревар би играле со репрезентациите кои се четвртопласирани од Хернинг и Копенхаген, според сегашната ситуација тоа ќе бидат Чиле, Катар или Аргентина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Лапорта се расплака: Треба да бидеме горди на Чави🎥

Тренерот на Барселона, Чави Хернандес се предомисли и реши да остане на кормилото на клубо…