Дома Фудбал Мартинез: Шансите да играат Азар и Де Брујн се 50-50

Мартинез: Шансите да играат Азар и Де Брујн се 50-50

Селекторот на Белгија, Роберто Мартинез немаше оптимистички најави кога се во прашање повредите на Еден Азар и Кевин де Брујн.

Двајцата предвреме го заврпија синоќешниот натпревар против Португалија и најверојатно ќе го пропуштат четвртфиналниот дуел против Италија.

„Немаме многу време, шансите да играат се 50-50. Позитивно за нас е тоа што Азар и Де Брујн немаат тешки повреди, па ќе останат со екипата. Азар почуствува болка во бутниот мускул, додека Де Брујн доби удар во зглобот и почуствува болка во лигаментот“, вели Мартинез.

Натпреварот меѓу Италија и Белгија се игра на 2 јули, а Италија не е поразена на 31 натпревар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арсенал се прости од Питер Стори: Почина поранешниот дефанзивец со 501 настап

Питер Стори почина на 81-годишна возраст. Поранешниот дефанзивец мина 12 години во Арсенал…