Дома Фудбал Марсело не можеше да издржи: Заплака и испиша нова историја

Марсело не можеше да издржи: Заплака и испиша нова историја

Искусниот лев бек Марсело вчера освои уште еден трофеј во богатата кариера откако со Флуминенсе ја победија Бока во финалето на Копа Либертадорес.

Флуминенсе беше подобар со 1:2 по продолженијата. Марсело на теренот помина 80 минути, а драматичната завршница ја следеше од клупата и не можеше да остане рамнодушен.

За Марсело ова беше 30-ти трофеј во кариерата и влезе во одбрано друштво како 14-ти фудбалер кој успеал да ја освои Лигата на шампионите и Копа Либератадорес.

Претходно тоа им успеало на: Пабло Сорин, Дида, Роке Жуниор, Кафу, Карлос Тевез, Валтер Самуел, Роналдињо, Нејмар, Данило, Рафиња, Рамиреш, Давид Луиз и Хулијан Алварез.

Кога еден фудбалер со кариера како Марсело ќе пушти солзи, тогаш тоа е доволен показател за колку важен трофеј играа вчера Флуминенсе и Бока…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Овоно доби 12 меча суспензија по кобниот судир со Де Мигел

Голманот на Андора ја доби максималната дисциплинска казна по стартот врз напаѓачот на Тен…