Дома Трансфер зона Маркињос и Верати проговорија за своите трансфери!

Маркињос и Верати проговорија за своите трансфери!

Дефанзивецот Маркињос и играчот за врска Марко Верати се едни од најдобрите млади фудбалери во светот, па поради тоа често се шпекулира дека можат да го напуштат ПСЖ.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Маркињос, а особено Верати се наоѓа на радарот на најголемите европски клубови, па медиумите тврдат дека ПСЖ може да остане без двајцата ова лето.

Поради тоа и двајцата проговорија за својата иднина, па ако им се верува на нивните зборови нивната иднина и понатаму ќе биде во Париз.

„Мојата иднина? Ќе бидам овде и следната сезона да ја освојам титулата“, изјави Маркињос.

„Да, имам договор со ПСЖ и ќе останам овде бидејќи ми се допаѓа Париз, а и проектот кој го има клубот“, изјави Веарти.

ПСЖ оваа сезона остана без титулата во Франција, доживеа шокантна елиминација од ЛШ, па сигурно ова лето ќе има промени во играчкиот кадар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…