Дома Фудбал „Марка“ ја тресе Шпанија: Меси никогаш не бил подалеку од потпис!

„Марка“ ја тресе Шпанија: Меси никогаш не бил подалеку од потпис!

Со денови наназад во шпанските медиуми се тврдеше дека Меси иако не потпишал нов договор сепак ќе го направи тоа и дека е само прашање на време.

Чудно беше што ниту една страна тоа не го потврдуваше, ниту Меси, ниту раководството на Барселона…За предмалку „Марка“ да лансира бомба во фудбалскиот свет – Меси никогаш не бил подалеку од обновување на договорот.

Реномираниот шпански медиум објави дека проблемот кој го има Барселона со финансиите не може да се реши и практично изгледа како невозможно Меси сега да го продолжи договорот.

Останува да видиме како ќе се одвива ситуацијата, но дека има проблем е јасно затоа што Меси веќе неколку недели е без договор…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Чешка со нови отсуства во Осиек: Хрватска ја дели бод од опстанок

Провод и Шуберт поради болест нема да патуваат за Осиек. Чесите мора да победат, а на Хрва…