Дома Фудбал „Марка“ со фантастична насловна ја најави „премиерата“ на новиот Реал (ФОТО)

„Марка“ со фантастична насловна ја најави „премиерата“ на новиот Реал (ФОТО)

0

Во ноќта која е пред нас новиот реконструиран Реал Мадрид во кој Флорентино Перез досега вложи 300 милиони евра ќе го одигра првиот пријателски натпревар во склоп на припремите за новата сезона.

Тимот на Зидан во два часот по полноќ по наше време во САД ќе игра против Баерн, а натпреварот е многу исчеуван во Шпанија. Ретко кога некој пријателски натпревар толкаво влијание, а „Марка“ во денешниот број на оваа средба посвети фантастична насловна.

Натпреварот се игра точно 50 години после спуштањето на човекот на месечината, дури и во исто време и тоа во Хјустон кој беше седиште на контролната мисија на Аполо 11 која на 21-јули 1969 за прв пат спушти еден човек на месечината.

„Ноќ без сон“, е големиот наслов на „Марка“ со коментар:

„Ноќта од 20-ти кон 21-ви во 1969 планетатан е спиеше исчекувајќи го спуштањето на човекот на месечината. Денес 50 години подоцна, никој нема да спие затоа што се чека премиерата на новиот „галактикос’“, Азар. И тоа во Хјустон“, стои на насловната страна на реномираниот шпански медиум.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Азар им одговори на оние кои тврдат дека е дебел (ВИДЕО)

Белгиецот Еден Азар кој ова лето пристигна во Реал не можеше да дебитира во Ла Лига поради…