Дома Фудбал „Марка“ се поклони пред големината на Пандев

„Марка“ се поклони пред големината на Пандев

Пред почетокот на Европското првенство Горан Пандев е еден од фудбалерите кои го привлекува вниманието.

Нашиот најдобар играч е подготвен да ја води Македонија во новите предизвици во кариерата. Засега неговите најави се дека ќе се пензионира по крајот на шампионат. Сега и реномираната „Марка“ одвои време на своите читатели да им раскаже за големината на Пандев.

Шпанците пишуваат дека Пндев не е „светски голгетер“, но дека има неверојатна фудбаска интелигенција со која прави Македонија да изгледа подобро на теренот. Во текстот тие потсетуваат и на големата победа на Македонија против Германија.

Ќе потсетиме, македонската репрезентација веќе е во Букурешт каде што се подготвува за првиот натпревар против Австрија на 13. јуни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Чешка со нови отсуства во Осиек: Хрватска ја дели бод од опстанок

Провод и Шуберт поради болест нема да патуваат за Осиек. Чесите мора да победат, а на Хрва…