Дома Топ вести „Марка“: Патот на Зидан во Реал е завршен!

„Марка“: Патот на Зидан во Реал е завршен!

Реал Мадрид доживеа шокантен и срамен пораз (2:1) од третолигашот Алкојано со што „кралевите“ го завршија настапот во 1/16 финалето од Кралскиот куп. Овој пораз најтешки последици може да има по тренерот Зинедин Зидан, пишува „Марка“.

Испаѓањето од третолигаш во купот секако е ситуација која сериозно го тресе столчето на тренерот на Реал, а положбата на Зидан дополнително му ја отежнува тоа што ова му е трет неуспех во помалку од две недели. Во последните натпревари Реал кај Осасуна одигра 0:0, потоа изгуби од Атлетик Билбао во Суперкупот, а сега испадна од третолигаш во купот.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Изгледа дека Реал сезоната може да ја спаси само во Лигата на шампионите, но со ваква игра ќе биде тешко. Шпанците веќе започнаа да пишуваат дека овој Реал не е фаворит против Аталанта во првата нокаут рунда.

Затоа „Марка“ денес носи текстови со наслови: „Патот на Зидан во Реал е завршен“, „Само чудо може да го спаси Зидан“, „Срам кој ќе предизвика тешки последици“…Тие последици секако се однесуваат на Зидан.

Се додава и дека во Реал јавна тајна е дека играчите ја изгубиле довербата во Зидан.

„Се виде дека играчите на Реал чекаат потег на тренерот после 90 минути, но него го немаше на почетокот на продолжението, како ни откако Реал остана со играч помалку. Зидан го изгуби контактот со играчите, а тие од втор план никогаш не ги ни имал. Едноставно неговиот брод потона до дното…Реал веќе некое време е на пат кон катастрофа и таа катастрофа се случи против Алкојано“, пишува „Марка“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Парехо: И мене ме нарекуваа пијаница, па не се расправав со навивачите како Винисиус

Фудбалерот на Виљареал, Даниел Парехо, го критикуваше однесувањето на Винисиус, кој не мож…