Дома Топ вести „Марка“ му одговори на Бејл: Без почит. Погрешен. Неблагодарен! (ФОТО)

„Марка“ му одговори на Бејл: Без почит. Погрешен. Неблагодарен! (ФОТО)

Герет Бејл се најде на жесток удар на шпанската јавност, навивачите на Реал и сите во клубот поради начинот на кој го славеше пласманот на Велс на Европското првенство.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Јасно е дека Мадрид нема да му ја прости провокацијата на која беа наведени приоритетите на Бејл во животот. На знамето со кое Бејл славеше пишуваше: „Велс. Голф. Мадрид. По тој редослед“.

Бејл за Реал последниот натпревар го одигра на 5-ти ноември после што се повреди. „Наводно“ затоа што од тогаш одигра дури три натпревари за Велс како првотимец. Освен тоа против Хрватска постигна гол, а против Унгарија намести одлучувачки голови за пласман на ЕП.

„Марка“ во денешното издание му одговори на Бејл на ист начин. На насловната страна напишаа: „Без Почит. Погрешен. Неблагодарен. По тој редослед“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Kolku zarabotila БиХ na Svetot Prvenstvo

Босна и Херцеговина го заврши своето учество на Светското првенство со пораз од 0:2 од дом…