Килијан Мбапе потпиша за Реал пред две недели, открива Maркa. Францускиот напаѓач на тој начин од 1 јули ќе стане играч на мадридскиот гигант.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Мбапе пристигнува во Реал како слободен играч откако ќе му истече договорот со ПСЖ. Францускиот шампион се обиде да го задржи, постојано му испраќаше нови понуди, а 25-годишниот Мбапе пресече и потпиша за Реал.
Марка открива дека Мбапе потпишал петгодишен договор со Кралевите.
Наводно, Мбапе ќе биде најплатен играч во тимот, но не и најплатен досега. Тој покрај бонуси и голем дел од парите од маркетиншки права ќе заработува околу 20 милиони евра по сезона.
Во последните две сезони во ПСЖ заработуваше 72 милиони евра по сезона.