Дома Фудбал Останато „Марка“: Мануел Пелегрини има нов клуб!

„Марка“: Мануел Пелегрини има нов клуб!

Поранешниот тренер на Реал и Манчестер Сити, Мануел Пелегрини е пред нов ангажман.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Чилеанецот е без ангажман од кога во декември 2019 година се раздели со Вест Хем. Од тогаш неговото име со поврзуваше со неколку клубови, вклучуваќи го и Фенербахче, меѓутоа тој се уште е слободен, но така веројатно нема да биде уште долго.

Шпанскиот прволигаш Бетис кој е во потрага по нов тренер после смената на Руби смета дека Пелегрини е вистинското решение.

Преговорите наводно се водат веќе неколку дена и се очекува Бетис многу брзо и официјално да ја објави својата соработката.

„Бетис одлучи главен во својот нов проект да биде Пелегрини“, пишува „Марка“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Инфантино: Мундијал со 48 екипи е успех, размислуваме за проширување на 64

Светското првенство во Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико е во полн ек, а фо…