Рома се откажа од доведувањето на Ријад Марез од редовите на Лестер.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Како што пренесе Скај Спорт, Рома нема повеќе да се обидува да го донесе Алжирецот, бидејќи тврдоглавиот Лестер ја одбил и последната однизата бројни понуди, оваа вредна 35 милиони евра.
Лестер е подготвен да го продаде својот најдобар играч, но не за помалку од 40 милиони евра и тука преговорите пропаднаа.
Марез и јавно испрати барање до клубот да му дозволи да замине ова лето и да ја исполни својата амбиција, но Лестер очигледно е одлучен во своите намери.