Дома Фудбал Марадона: Јунајтед мора да ме донесе ако сака да освојува трофеи

Марадона: Јунајтед мора да ме донесе ако сака да освојува трофеи

Аргентинската легенда Диего Марадона има за план да седне на клупата на Манчестер Јунајтед.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Легендарниот фудбалер моментално е тренер на скромниот Досадос во втората мексиканска лига, но за FourFourTwo изјави дека може да го врати Манчестер Јунајтед на победничките стази.

„Ако на Манчестер Јунајтед му треба тренер, јас сум вистинската личност за тоа. Знам дека продаваат многу дресови ширум светот, но мора да освојуваат трофеи. Тоа можам да му го донесам.“ – изјави Марадона.

„Манчестер Јунајтед долго беше мој омилен тим. Толку многу одлични играчи под водство на Фергусон. Но, сега морам да кажам – Манчестер Сити. Знам дека не смеете така лесно да менувате, но тоа е поради Кун Агуеро. Зборуваме многу и тој игра во многу добар тим.“ – додаде Марадона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бегалски камп, војна и сон кој изгледаше невозможен: Сега постигна гол на Светското првенство

Светските првенства секогаш носат нови херои, но малку приказни можат да се споредат со он…