Англичаните неодамна, поради корупциски скандал го отпуштија Сем Алардајс од селекторската функција, а медиумите пренесуваат дека негон наследник би можел да биде Роберто Манчини.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Манчини е добар познавач на англискиот фудбал, тој четири години беше менаџер на Манчестер Сити и во тој период освои една шампионска титула и три трофеи во ФА купот.
Манчини минатата сезона беше тренер на Интер од каде замина пред почетокот на оваа сезона.
Англија, вечерва ќе игра против Малта, а од клупата ќе ја предводи селекторот на младата англиска селекција Герет Саутгејт. Според англиските медиуми, Манчини, добил покана од Фудбалската асоцијација да присуствува на овој натпревар.
Токму поканата која ја доби Манчини ги поттикна шпекулациите дека тој преговара со ФА за преземање на националниот тим.