Дома Фудбал Италија Манчини се збогуваше со Михајловиќ: Болеста однесе човек кој се бореше како лав…

Манчини се збогуваше со Михајловиќ: Болеста однесе човек кој се бореше како лав…

Денес почина Синиша Михајловиќ, а од него се простува цел фудбалски свет, се огласи и актуелниот селектор на Италија, Роберто Манчини кој беше голем пријател со Синиша.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Двајцата беа соиграчи во Сампдорија и Лацио и за тоа време развија големо пријателство, кое секогаш го истакнуваа.

„Ова е ден кој никогаш не сакав да го живеам, затоа што изгубив пријател со кој делев речиси 30 години од мојот живот, на теренот и надвор од него. Не е фер, таква страшна болест да однесе човек од 53 години кој се бореше како лав до последен момент.

Исто како што беше на теренот. И токму така Синиша секогаш ќе остане со мене, дури и да го нема, како што беше во Џенова, Рим и Милано, па и подоцна кога патиштата ни се разделија“, рече Манчини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Норвешка во САД донесе 300 кг риба, 116 кг сирење, 6000 портокали

Норвешката фудбалска репрезентација веќе ја привлече јавната вниманието со креативните нас…