Дома Топ вести Манчестер Јунајтед ја плаќа клаузулата за аргентинската ѕвезда

Манчестер Јунајтед ја плаќа клаузулата за аргентинската ѕвезда

Манчестер Јунајтед е одлучен во намерата да ја купи ѕвездата на Ривер Плата, Јулијан Алварез, пренесуваат медиумите на Островот.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


21-годишниот напаѓач блесна во дресот на Ривер Плата и заврши како најдобар стрелец во аргентинското првенство, па е на мета на многу европски гиганти.

Алварез има договор со аргентинскиот клуб до декември следната година и не планира да го продолжи, па Ривер е спремен да го продаде.

Алварез заврши најдобар стрелец во аргентинското првенство со 17 гола и 8 асистенции, а во договорот со Ривер има откупна клаузула од 25 милиони евра.

Последните информации се дека Јунајтед постигнал договор со играчот и е спремен да ја плати откупната клаузула. Аргентинецот ќе пристигне на „Олд Трафорд“ како замена за Марсијал, кој сигурно заминува.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…