Дефанзивецот на Виљареал, Пау Торес може да се пресели во Манчестер Јунајтед во зимскиот преоден рок.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Раководството на „црвените ѓаволи“ веќе започнало преговори со 23-годишниот Шпанец. Виљареал пак е спремен да го пушти Пау Торес доколку пристигне добра понуда во зимскиот преоден рок.
Торес се етаблираше во еден од најперспективните дефанзивци во Европа и веќе има 7 настапи за шпанската репрезентација.
Манчестер Јунајтед оваа сезона има проблеми во одбраната и прими 16 гола на 9 натпревари, па бараат засилување во дефанзивната линија.
Цената на Торес во моментов изнесува 40 милиони евра, сума која англискиот клуб е спремен да ја плати.