Дома Топ вести Манчестер Јунајтед спрема зимска „бомба“ од 80 милиони

Манчестер Јунајтед спрема зимска „бомба“ од 80 милиони

Манчестер Јунајтед е спремен во зимскиот преоден рок да потроши голема сума на засилувања, а прва мета е играчот за врска на Вест Хем, Деклан Рајс.

Солскјер силно го посакува Рајс, кој игра одлично како во клубот така и во репрезентацијата, па „црвените ѓаволи“ се спремни да понудат 80 милиони евра за неговиот потпис.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Неговата вредност на пазарот секојдневно расте, па Јунајтед сака да го реализира трансферот уште во јануари и со тоа да ја победи конкуренцијата.

Рајс неодамна потпиша петгодишен договор со Вест Хем, па „црвените ѓаволи“ ќе треба добро да го одврзат ќесето за да го донесат на „Олд Трафорд“.

„Тоа се само шпекулации, се додека клубот не преземе конкретни чекори. Јас сум фокусиран на настапите за Вест Хем, ќе видиме што ќе се случи во иднина“, изјави Рајс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Сопругата на Гундоган прави проблеми во соблекувалната на Барселона?

Според пишувањето на шпанска Марка, во соблекувалната на Барселона се одвива драма, а една…