Дома Трансфер зона Манчестер Јунајтед следи напаѓач на Ридинг

Манчестер Јунајтед следи напаѓач на Ридинг

Манчестер Јунајтед е заинтересиран за напаѓачот  на Ридинг, Дани Лоудер, пренесуваат медиумите на Островот.

19-годишниот млад репрезентативец на Англија има постигнато 3 гола на 8 меча од почетокот на сезоната и го привлече вниманието на многу големи клубови.

Раководството на Ридинг веќе му предложи нов договор, кој му истекува во 2022 година, но засега напаѓачот не сака да стави потпис на нов договор.

Се верува дека позади таквата негова одлука стои токму Манчестер Јунајтед, кој сака да го донесе во своите редови уште во јануари.

Лоудер минатото лето беше блиску до трансфер во Вулверхемптон и важи за еден од најголемите таленти на Островот.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Дефанзивецот на Милан се сели во Наполи

Раководството на Милан е спремно да направи големи промени во тимот во зимскиот преоден ро…