Дома Фудбал Англија Манчестер Јунајтед прикажа големи финансиски загуби

Манчестер Јунајтед прикажа големи финансиски загуби

Приходите на Манчестер Јунајтед паднале за една петтина главно поради тоа што клубот не играше во Лигата на шампиони и игра пред празен стадион за време на пандемијата, објавија од клубот.

Јунајтед генерирал приходи во висина од 509 милиони фунти до 30 јуни иваа година, што е пад за 19% во споредба со минатата година.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Долговите на клубот пораснале за 133%, односно до 471 милион фунти, а загубите се 23.2 милиони фунти.

Јунајтед се врати во Лигата на шампиони оваа сезона, но Премиер лигата се уште не може да даде гаранции за присуство на фанови на трибините.

Поради тоа „црвените ѓаволи“ од април до јуни оваа година генерираа приходи од само 2,2 милиони фунти, а за истиот период минатата година инкасирале 23.8 милиони фунти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Алонсо доби прашање од новинарите за Јамал, па даде искрен одговор

Ламин Јамал се најде на голем удар од играчите и навивачите на Реал Мадрид по Ел Класико п…