Дома Трансфер зона Манчестер Јунајтед одредил цена за Погба, а Французинот сака да заработува богатство

Манчестер Јунајтед одредил цена за Погба, а Французинот сака да заработува богатство

0

Пол Погба ова лето сигурно ќе биде некој за кого многу се пишува, англиските медиуми најавуваат негово заминување од Манчестер, а како најголем фаворит во овој момент се истакнува Реал Мадрид.

Реал Мадрид наводно започнал преговори со Погба кој имаше разочарувачка сезона во Англија и поради тоа во медиумите се пишува дека шансите да ја напушти Англија и да заврши во Реал се навистина големи.

Манчестер Јунајтед за Погба сака да наплати 170 милиони евра што е навистина огромна сума за играч кој имаше лоша сезона и од кој никогаш не можете да знаете што да очекувате, а освен тоа самиот Погба сака да биде најплатен во екипата, односно да добива 28 милиони евра по сезона.

Овој трансфер го отежнува и тоа што агентот на Погба, Мино Раиола е суспендиран до 9-ти август и до тогаш нема право за завршување на трансфер зделки.
Реал Мадрид според информациите сака во трансферот да го вклучи Герет Бејл кој претходно оваа сезона се поврзуваше со Манчестер Јунајтед, но клубот од „Олд Трафорд“ изгледа сега не е заинтересиран за Велшанецот кој е надвор од форма, треба да се додаде и дека наскоро ќе наполни 30 години.

Тоа се работите кои го отежнуваат трансферот на Погба, а како алтернативи се наведуваат: Миралем Пјаниќ, Кристијан Ериксен и Ван Де Бек.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Месут Озил заминува од Лондон и кариерата ја продолжува во САД?

Фудбалерите на Арсенал денеска играат на домашен терен против Барнли во рамките на второто…