Дома Трансфер зона Манчестер Јунајтед и Барса заинтересирани за Флоренци

Манчестер Јунајтед и Барса заинтересирани за Флоренци

Италијанските медиуми пренесуваат дека Манчестер Јунајтед и Барселона се заинтересирани за играчот на Рома, Алесандро Флоренци.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Флоренци веќе подолго време е мета на шпекулации дека може да го напушти „Олимпико“, но до сега не стигнала конкретна понуда до Рома за него.

„Кориере дело Спорт“ пренесува дека Манчестер Јунајтед и Барселона се спремни да исптатат понуда следното лето.

Рома има проблеми со Финансискиот фер-плеј и сигурно ќе продаде една своја ѕвезда во летниот преоден рок, а доколку не се пласира во Лигата на шампиони веројатно неколкумина фудбалери ќе го напуштат „Олимпико“.

Интересот за Флоренци е голем бидејќи станува збор за поливалентен играч, а покрај споменатите две екипи за неговиот потпис заинтересирани се уште Челзи и Атлетико Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…