Дома Топ вести Манчестер Јунајтед има рок 7 дена да го купи Санчо

Манчестер Јунајтед има рок 7 дена да го купи Санчо

Борусија Дортмунд го предупреди Манчестер Јунјатед дека има време до 10 август да одгвори, дали ќе ја плати потребната сума за Џејдон Санчо од 120 милиони евра.

„Милионерите“ бараат 120 милиони евра за крилниот напаѓач и ако Јунајтед не ја плати таа сума до 10 август, тогаш Борусија ќе ги одбие сите понуди.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Црвените ѓаволи“ се спремни да ја платат оваа сума, но само 70 милиони во кеш, а другите преку бонуси.

Борусија му поставува ултиматум за да му изврши притисок на Јунајтед, кој пак не се откажува од намерата да го донесе Санчо на „Олд Трафорд“.

Џејдон Санчо во Борусија пристигна пред две години од Манчестер сити за само 7.5 милиони фунти, а во меѓувреме стана еден од најдобрите млади фудбалери во светот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Дани Алвеш ја згрозил шпанската јавност со потегот по излегувањето од затворот

Поранешниот бразилски репрезентативец, Дани Алвеш ја налути јавноста со потегот кој го нап…