Дома Трансфер зона Манчестер Јунајтед го сака голгетерот на Штутгарт

Манчестер Јунајтед го сака голгетерот на Штутгарт

Манчестер Јунајтед е сериозно заинтересиран по голгетерот на Штутгарт, Саша Калајџиќ, пренесува „Кикер“.

Калајџиќ има 24 години, есенскиот дел сезонава го пропушти поради повреда на рамото, а во вториот дел од сезоната на 15 натпревари постигна шест гола. 

Австрискиот репрезентативец го привлече вниманието на многу клубови, меѓу кои и Баерн Минхен, но „црвените ѓаволи“ сакаат да ја победат конкуренцијата.

Тен Хаг бара нов напаѓач и после неуспешниот обид да го ангажира Арнаутовиќ, сега ќе се насочи кон неговиот колега од репрезентацијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

ПСЖ бара напаѓач, прва мета Влаховиќ

Душан Влаховиќ беше еден од најбараните напаѓачи во Европа и во јануари се пресели во Јуве…