Офанзиниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Џеси Лингард одбил да стави попис на нов договор, пренесуваат медиумите на Островот.




Лингард последните шест месеци ги помина во Вест Хем каде блескаше во дресот на „чеканите“, но двата клуба не се договорија за трансфер.




Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Манчестер Јунајтед му понуди нов договор, но играчот одбива да потпише, бидејќи не е задоволен со својот статус во тимот.




Договорот на Лингард истекува следното лето, па „црвените ѓаволи“ се спремни да го продадат во јануари за „само“ 15 милиони фунти.




Според „ЕСПН“, Барселона и Милан го сакаат Англичанецот, но како слободен агент следното лето.