Дома Фудбал Англија Манчестер Јунајтед го претстави Тен Хаг: Ситуацијата не е добра, не чека напорна работа

Манчестер Јунајтед го претстави Тен Хаг: Ситуацијата не е добра, не чека напорна работа

Денес Ерик Тен Хаг и официјално беше промовиран во нов тренер на Манчестер Јунајтед.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


На промоцијата Холанѓанецот најави дека доаѓа со цел да го врати клубот онаму каде што припаѓа. Тен Хаг и вчера беше на „Олд Трафорд“ и го гледаше поразот од Кристал Палас, а по неговата реакција можеше да се забележи дека е незадоволен од ситуацијата. (тука)

Дека знае со што се соочува во Јунајтед потврди и на промоцијата.

„Со нетрпение чекам да почнам да работам во клуб кој има ваква историја. Нашата цел ќе биде да го вратиме Јунајтед онаму каде што припаѓа. Ситуацијата во клубот не е добра, но мора да ја прифатиме, меѓутоа не треба и да се заборави дека овој тим беше втор пред една година. Потенцијал има и ќе треба да го извадиме на површина.

„Се работи за долг процес и ќе треба време, но верувам дека можеме да дојдеме до успех. Ќе работиме напорно и ќе ја базираме нашата игра на вистинска филозофија и стратегија“, изјави Тен Хаг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Уништува сè пред себе: Инфантино донесе одлука која ќе го разбесни светот на фудбалот

Првиот човек на Светската фудбалска федерација (ФИФА) Џани Инфантино најави дека паузите з…