Дома Трансфер зона Манчестер Јунајтед го најде наследникот на Де Геа

Манчестер Јунајтед го најде наследникот на Де Геа

Манчестер јунајтед е во напредни преговори со голманот на Интер, Џордан Андре Онана, пренесуваат медиумите на Апенините.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


„Црвените ѓаволи“ се во потрага по нов голман откако потврдија дека Де Геа нема да го продолжи договорот.

Прва мета е токму Онана, кој имаше фантастична сезона во дресот на Интер. „Нероаѕурите“ се спремни да го продадат бидејќи имаат финансиски проблеми.

Интер минатото лето го доведе Онана како слободен агент, а сега за неговата слобода бара 60 милиони евра.

Манчестер Јунајтед понудил 50 милиони евра, па двата клуба се блиску до договор, а Онана се согласил да се пресели на „Олд Трафорд“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…