Манчестер Јунајтед ќе го комплетира трансферот на Алекс Сандро од Јувентус во следните неколку дена, пренесуваат англиските медиуми.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Италијанските медиуми исто така потврдија дека двата клуба веќе постигнале договор и дека трансферот на Алекс Сандро ќе изнесува 50 милиони фунти.
Трансферот ќе биде официјализиран веднаш после финалето од ФА Купот помеѓу Манчестер Јунајтед и Челзи, кое на програмата е во сабота.
Во обратен правец ќе замине Матео Дармијан, кој повеќе не е во плановите на Жозе Мурињо. Меѓутоа, трансферот на Италијанецот ќе биде договорен одделно од тој на Алекс Сандро.