Дома Трансфер зона Манчестер Јунајтед во Серија А ја најде замената за Погба

Манчестер Јунајтед во Серија А ја најде замената за Погба

Примарна трансфер цел на Манчестер Јунајтед следното лето ќе биде Сергеј Милинковиќ-Савиќ, пренесуваат медиумите на Островот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Договорот на Погба истекува на крајот на сезоната и се поголеми се шансите да си замине од „Олд Трафорд“ како слободен агент.

Англиските медиуми пренесуваат дека прва желба е Сергеј Милинковиќ-Савиќ, кој игра одлично во дресот на Лацио.

Српскиот репрезнетативец има договор со Лацио до 2024 година, но и неговиот менаџер истакна дека СМС е спремен за трансфер во голем клуб.

Манчестер Јунајтед е спремен да ја победи конкуренцијата и за неговиот потпис ќе понуди 70 милиони евра, сума која се верува дека ќе ги задоволи апетитите на Лацио.

Интерес за СМС покажуваат уште Јувентус и ПСЖ, но Јунајтед веќе стапил во контакт со неговиот агент и работи на трансферот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…