Последното коло во Премиер лигата ни донес разврска во Топ 4 и го донесе и последниот патник во Чемпионшип.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Манчестер Јунајтед го доби директниот дуел со Лестер, па иако им беше потребен само еден бод, сепак „црвените ѓаволи“ остварија победа од 2:0.
Со оваа победа Јунајтед го осигура 3-то место на табелата, а Челзи иако победи против Вулверхемптон (2:0), остана на четвртото место.
Лестер и Јунајтед играа претпазливо во првото полувреме, па мрежите мируваа, а во вториот дел Фернандеш и Лингард му донесоа победа на гостите.
Арсенал го победи Ватфорд со 3:2 и го испрати во Чемпионшип. Пирова беше победата на Борнмут против Евертон бидејќи Астон Вила освои бод против Вест Хем и остана во Премиер лигата.
Тотенхем одигра 1:1 против Кристал Палас, но тоа беше доволно за 7-мо место и пласман во Лига Европа.