Дома Фудбал Манчестер Сити со победата од 9:0 стигна до неверојатен број голови уште во јануари (ВИДЕО)

Манчестер Сити со победата од 9:0 стигна до неверојатен број голови уште во јануари (ВИДЕО)

Манчестер Сити вчеравечер го прегази Бартон во натпреварот од полуфиналето во англискиот Лига Куп.

„Граѓаните“ славеа со дури 9:0 и така ја продолжијата низата на неверојатно ефикасни натпревари откако претходно во ФА Купот го победија Ротердам со 7:0.

Против Бартон четири гола постигна Габриел Хесус, а по еден постигнуваа Зинчеко, Фил Фоден, Кајл Вокер, Кевин Де Брујн и Ријад Марез. Овие шестмина така му помогнаа на Сити да стигне до бројката од 96 погодоци оваа сезона.

Споменатата бројка изгледа неверојатно затоа што сме само јануари.

Само за споредба, Тотенхем оваа сезона постигна 70 голови, Барселона 71, а ПСЖ кој ги има Нејмар, Мбапе и Кавани 77 голови.

Фудбалерите на Сити шанса за нови голови ќе имаат во понеделник кога во Премиер лигата ќе играат против Вулверхемптон.

https://www.youtube.com/watch?v=lAZmdzrq7AY

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Петмина Италијанци на тенок мраз: Жолт картон против Франција носи пауза

Донарума, Бастони, Фаџоли, Вергара и Скамака мора да внимаваат против Франција – нов жолт …